Настани:
1786 – Во провинцијата Сечуан во Кина, попуштила природната брана на реката Даду создадена од земјотрес десет дена порано, по што во поплавите настрадале околу 100.000 луѓе.
1793 – Паркот на растенијата (фран. Jardin des Plantes) е отворен во Париз, а по една година станал и првата јавна зоолошка градина во светот.
1942 – Почнала битката на Козара, дел од повоената митологија на СФРЈ, помеѓу краишките партизани и германските војски помогнати од усташите. Во битката, која траела до 18 јули 1942 година, загинале околу 2200 краишки партизани, а во логори биле однесени голем број цивили.
1940 – Втора светска војна: Италија им објавила војна на Франција и Обединетото Кралство, а Франклин Рузвелт го осудил овој чин како „нож во грбот“ од Италија.
1940 – Втора светска војна: Канада ѝ објавила војна на Италија, поради претходната објава на војна на Обединетото Кралство од страна на Италија.
1940 – Втора светска војна: Германските сили под команда на Ервин Ромел стигнале до каналот Ла Манш.
1941 – Втора светска војна: Заменикот на Хитлер Рудолф Хес се урнал во Шкотска во мисија за преговори за окончување на војната со Британија. Бил уапсен, осуден во Нирнбершките процеси, и останал во затвор до 1987., кога наводно се самоубил на 93-годишна возраст.
1967 – Шестдневната војна завршила со прекинот на огнот помеѓу Израел и Сирија.
Родени:
1912 – Ванчо Николески, македонски писател.
1921 – Принц Филип, војвода од Единбург.
1922 – Џуди Гарланд, американска актерка и пејачка, позната како мајка на Лајза Минели
1928 – Морис Сендак, американски писател за деца и илустратор.
1932 – Љупка Апостолова, македонска интерпретаторка.
1952 – Пенг Бо, кинески кану-спринтер.
1956 – Зоран Шапуриќ, македонски политичар и публицист.
1959 – Карло Анчелоти, италијански фудбалер и тренер.
1965 – Елизабет Харли, британска актерка, модел и кинематографски продуцент.
1966 – Дејвид Плат, англиски фудбалер.
1972 – Радмила Шекеринска Јанковска, македонски политичар.
1980 – Александра Пилева, македонска пејачка.
1981 – Александар Липатов, руски слалом-кајакар.
1985 – Василис Торосидис, грчки фудбалер.
Починале:
323 п.н.е. – Александар III Македонски, крал на Македонија, еден од најголемите војсководци и освојувачи на сите времиња.
1836 – Андре Мари Ампер, основач на електродинамиката.
1912 – Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет, претставник на реализмот во словенечката литература.
1926 – Антони Гауди, каталонскин архитект.
1967 – Спенсер Трејси, американски филмски актер.
1985 – Стефан Русјаков, еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик – „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи.
1988 – Неџати Зекирија, познат детски писател од турска националност во Македонија.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!