Top

Добро утро (6-ти јули)

6-ти јули е 187-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (188-и во престапна година). Остануваат 178 денови до крајот на годината.

Настани:
1415 – Во Констанц, денешна Германија, од католичкиот екуменски собор е осуден и погубен Јан Хус, свештеник и реформатор.
1535 – Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римската католичка црква.
1885 – Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче.
1908 – Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II.
1928 – Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија.
1957 – Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси.
1964 – Малави прогласува независност од Обединетото Кралство.
1966 – Малави станува република, со Хестингс Банда како прв претседател.
1967 – Основана светската библиографска организација OCLC.
2002 – Светиот архиерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ.
2005 – Играорците од битолското КУД „Гоце Делчев“ играа оро пред британската амбасада во Скопје во знак на протест поради недобивањето на визи за настап на меѓународниот фолклорен фестивал во Ланголен, Англија.

Родени:
1599 – Диего Веласкез, шпански сликар.
1818 – Адолф Андерсен, германски шахист.
1832 – Максимилијан, надвојвода од Австрија и император на Мексико.
1838 – Ватрослав Јагиќ, хрватски славист.
1859 – Вернер фон Хејденстам, истакнат шведски поет и нобеловец.
1907 – Фрида Кало, мексиканска сликарка.
1927 – Џенет Ли, американска актерка; останува запаметена по туш-сцената во Хичкоковиот филм „Психо“.
1935 – Тенцин Гјацо, моменталниот Далај Лама.
1943 – Глигорие Гоговски, македонски општественик.
1946 – Силвестер Сталоне, американски актер; познат по своите неколку пати репризирани улоги во Роки и Рамбо.
1946 – Џорџ Буш, 43-от американски претседател.
1951 – Џефри Раш, австралиски глумец.
1964 – Садула Ергин, министер за правда на Турција.
1979 – Мирсад Бешлија, босански фудбалер.
1980 – По Гасол, шпански професионален кошаркарски играч.
1984 – Роман Широков, руски фудбалер.

Починале:
1189 – Хенри II, англиски крал.
1415 – Јан Хус, чешки рефораматор.
1533 – Лудовико Ариосто, италијански поет.
1553 – Едвард VI, англиски крал.
1854 – Георг Симеон Ом, германски физичар.
1893 – Ги де Мопасан, француски писател, мајстор на расказот.
1962 – Вилијам Фокнер, американски писател и Нобелов лауреат.
1971 – Луj Армстронг, американски трубач и џез музичар.
1991 – Антон Југов, бугарски политичар.
1999 – г.г. Михаил, Архиепископ Охридски и Македонски.
2000 – Лазар Колишевски, македонски комунистички лидер.
2010 – Тили Армстронг, британска писателка.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *