Top

Добар ден (4-ти март)

4-ти март е 63-иот ден во годината според григоријанскиот календар (64-и во престапна година). Остануваат 302 денови до крајот на годината.

Настани:
1789 – Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД.
1933 – Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објави својата „нова политика“, чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата.
1945 – Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 – година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија.
1952 – Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна.
1965 – Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни.
1965 – При доаѓањето на нови постојани артисти во Македонскиот театар во Скопје од драмата на Македонскиот народен театар, оваа уметничка куќа прерасна во драмски театар. Во новиот театар на овој ден беше изведена премиерната претстава „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова.

Родени:
1188 – Бланка Кастилјска, сопруга на кралот Луј VIII.
1678 – Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор.
1878 – Пјотр Демјанович Успенски , руски философ.
1934 – Александар Митевски, македонски поет.
1935 – Бент Ларсен, дански шахист.
1954 – Кетрин О’Хара, американска актерка.
1954 – Франсоа Фијон, француски премиер.
1965 – Халед Хосеини, авганистански писател и лекар.
1968 – Киријакос Мицотакис, грчки политичар.
1983 – Зоран Балдовалиев, македонски фудбалер.

Починале:
254 – Папа Луциј I, римски папа.
561 – Папа Пелагиј I, римски папа.
1193 – Саладин, курдски муслимански политичар и воен лидер.
1805 – Жан-Батист Грез, фрацуски класицистички сликар.
1832 – Жан-Франсоа Шамполион, француски научник.
1852 – Николај Васиљевич Гогољ, руски писател, хуморист и сатиричар.
1974 – Михаил Тихонравов, советски ракетен стручњак и научник, кој учествуваше во изградбата на првиот вештачки земјин сателит „Спутник 1“.
1996 – Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил, поглавар на Македонската православна црква.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *