Настани:
1054 – Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите, Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Таури. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја оформуваат Небулата Рак.
1776 – На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави; овој ден во САД се слави како Ден на независноста.
1802 – Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк.
1855 – Во Бруклин, Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен – Листови трева.
1862 – Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во Алиса во Земјата на Чудата; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка.
1918 – Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар).
1939 – Лу Гериг, легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот.
2004 – Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска.
Родени:
1546 – Мурат III, отомански султан.
1804 – Натаниел Хоторн, американски писател.
1807 – Џузепе Гарибалди, италијански патриот.
1884 – Луис Б. Маер, филмски продуцент.
1917 – Манолете, шпански матадор.
1921 – Жерар Дебр, француски економист и Нобелов лауреат.
1927 – Џина Лолобриџида, италијaнска актерка.
Починале:
1826 – Џон Адамс, американси политичар.
1826 – Томас Џеферсон, третиот американски претседател.
1826 – Џон Адамс, вториот американски претседател.
1868 – Димитриј Иванович Писарев, руски писател.
1916 – Алан Зигер, американски воен поет, познат по својата песна Вечерва имам состанок со Смртта.
1934 – Марија Кири-Склодовска, француски научник од полско потекло.
1938 – Ото Бауер, австриски социјалист.
1944 – Благој Јанков – Мучето, народен херој на Македонија.
1977 – Мигуел Најдорф, аргентиснки шаховски велемајстор.
2003 – Бери Вајт, американски пејач, Човекот со велветен глас.
2005 – Неџми Мехмети, македонски писател.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!