Настани:
1992 – Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари – првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е прв пат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.
1996 – Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.
Родени:
1643 – Исак Њутн, англиски физичар и математичар.
1710 – Џовани Батиста Перголези, италијански композитор, познат по делата: опера „Слугинката господарка“ и црковната музика „Stabat mater“.
1785 – Јакоб Грим, германски филолог и фолклорист, основач на современата германистика.
1809 – Луј Брај, француски учител, пронаоѓач на азбуката за слепи, наречена Брајов систем.
1883 – Макс Истмен, американски политичар.
1909 – Тодор Ангеловски, меѓу народот познат како Тошо Даскалот, учител и просветител, борец против угнетувачкиот великосрпски режим, бестрашен борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ во Македонија.
1973 – Јозеф Кабањ, словачки автоконструктор, дизајнер на суперавтомобилот Bugatti Veyron.
Починале:
1782 – Анж-Жак Габриел, влијателен француски архитект, еден основоположниците на неокласичната архитектура.
1941 – Анри Бергсон, француски филозоф.
1942 – Орце Николов, Народен херој на Македонија на планината Кукавица, близу до селото Туба, (Владички Хан, Србија) во пробивањето низ демаркационата линија во заседа на бугарскиот фашистички окупатор.
1943 – Мирче Ацев, Народен херој на Македонија.
1943 – Страшо Пинџур, Народен херој на Македонија.
1954 – Димитар Андонов Папрадишки, последниот македонски зограф и првиот профан сликар и основач на „западното“ сликарство во Македонија.
1960 – Албер Ками, француски писател.
1961 – Ервин Шредингер, австриски теоретски физичар. Eден од основоположниците на квантната механика и добитник на Нобеловата награда за физика во 1933 година.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!