Настани:
1942 – Близу до селото Плетвар, прилепско, загинаа Борка Талески – Црниот и Лазо Колевски – Лавски, народни херои на Македонија.
1943 – Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија.
1946 – Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам.
1956 – Поранешната француска колонија, Мароко се здоби со независност.
1972 – Во САД е лансиран вселенскиот брод „Пионер 10“ за испитување на планетата Јупитер.
1973 – Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот документ за мир во Виетнам.
1993 – Во Скопје, во Касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.
1995 – Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата.
Родени:
1459 – Адријан Флорисзон, холандски свештеник, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година стана единствен Холанѓанин, поглавар на Римокатоличката црква во нејзината историја.
1749 – Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник.
Починале:
1923 – Сара Бернар, француска артистка со исклучително убав глас и дарба.
1939 – Хауард Картер, англиски египтолог.
1942 – Борка Талески, народен херој на Македонија, непосреден организатор на востанието на 11 октомври.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!