Top

Македонија им ги уништи соништата на Литванците

Сеуште под импресии од синоќешната победа, ќе се обидеме да го резимираме најважното. Пресвртницата на натпреварот, која ја однесе Македонија во полуфинале, е заслуга на Владо Илиевски кој постигна тројка во последните 11 секунди од натпреварот. Во рамките на хероите на натпреварот се вбројуваат: Илиевски со клучното поентирање и двете слободни фрлања во последната секунда од натпреварот, Bo McCalebb со 23 поени, и вистинскиот херој Војдан Стојановски, кој постигна пет тројки. Среде речиси неподносливата тензија во Каунас, Македонците го оставија домаќинот со скршено срце.
По завршувањето на натпреварот, Македонците спонтано се собраа на плоштад да го прослават овој голем триумф за Македонија. Еуфоријата сеуште трае. Толку брзо обединување на народот, толку насмеани лица Македонија немала никогаш. Утре не очекува уште еден важен натпревар, со Шпанија, но несомнено е дека Македонија повторно ќе дише како еден, милионите срца ќе бијат во еден ритам.
Во продолжение Ви преставуваме неколку интересни статуси кои се најдоа на социјалната мрежа фејсбук.

„Шчо напраифме“ – Крсте Петков Мисирков, 1903
„Леле што направивме“ – Владо Илиевски, 2011

Што е брзина?
– Кога за 2 минути 15.000 литванци успеваат да ја напуштат салата.

Додека ние пишуваме историја, целиот свет учи географија!

You know you’re Macedonian, when your Facebook News Feed is црвено-жолта боја.

Where’re you from? – Macedonia!
And where is Macedonia? – In the semifinals!!!



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>