Top

Истакнете ги вашите фудбалски вештини и освојте $10.000 долари

Copa Freestyle Inc. стартува глобален натпревар на кој сите артисти со топка (“фристајлери”) ќе можат да ги покакажат своите вештини и да освојат дел од наградниот фонд од 20.000 US долари. Потребно е само да закачите кратко видео или фотографија и ќе може да се натпреварувате за Гранд-при наградата од 10.000 долари.



Целта на натпреварот е да го промовира најдобриот светски фристајл артист со топка, но и да го промовира слободниот, “уличен фудбал”.

Десетици илјади млади луѓе имаат свои фудбалски идоли кои прикажуваат фантастични ‘трикови и потези’. Но, да се гледа изведбата не значи и да се научи како да се прават тие. Видеата од натпреварот ќе овозможат да се промовираат нови трикови и да се покажат вештините што, се надеваме, ќе ги инспирира младите во својот ентузијазам општо кон фудбалот.“, вели Бил Бејкер, претседател на Copa Freestyle Inc.

Copa Challenge – www.copachallenge.com е отворен за секој индивидуалец. Тимски натпревар ќе следи подоцна. За жал, иако секоја возраст е добредојдена, мора да бидете над 13 години за да можете да ја подигнете наградата. Панелот од судии се состои од Стив Самсон – поранешен тренер на американскиот национален тим и LA Galaxy, Стив Елајас – еден од најпознатите фристајлери во светот и сл.

Сите заинтересирани фристајл артисти можат да:
споделат видео од 60 секунди во кое на уметнички начин ги прикажуваат вештините, или
да закачите фотографија која е доволно артистичка и квалитетна да се појави во спортски магазин.

Примери како треба да изгледаат видеото и сликата ќе најдете на сајтот на Copa Online Freestyle Soccer Challenge. Повеќе за Copa Freestyle заедница може да најдете на официјалниот сајт www.copachallenge.com.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>