Видео записот за оваа несекојдневна тема го работеше 3Д Продукција. Во него со интересни графички моменти, но и преку ликовите на Пламенка и нејзините две колешки – виолинистки Милена Тодоровска и Татјана Силјановска, се искажани емоциите со кои изобилува самата нумера.

“Пијанист е одлична можност за публиката да слушне и делумно да претпостави каков ќе биде мојот нов албум. Одлучив да снимам и видео запис за оваа тема од Прелудиумот на Фредерик Шопен, опус 28 бр. 20, со цел класичната музика да и ја доближам на публиката на еден поинаков начин, да ја обработам во модерен стил и со тоа темата “Пијанист” како и останатите нумери од албумот да бидат препознатливи за публиката и таа да ги почувствува како свои.” – вели Пламенка.
Темите од албумот “Апасионато” се дел од музичкото творештво на Пламенка и се врзани со композиции од класичната музика кои се обработени во модерен стил. Најголем дел од аранжманите се дело на Пламенка, а несебична помош за аранжирање на две од композициите има дадено Ристо Апостолов. Десеттте композиции кои го сочинуваат “Апасионато” се снимени во студиото “Подрумот” на Ангел Ќосев.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
prekrasno napraveno…napred trio…