Top

НОВО Видео: ПЕПЕЛ – Дарко Илиевски & Ена

Вчера, кафе барот Бариста беше премал за да ги собере сите оние кои љубопитно чекаа да го погледнат новиот спот на ДАРКО ИЛИЕВСКИ и МАГДАЛЕНА ЦВЕТКОСКА за дуетската тема “ПЕПЕЛ“. На промоцијата освен претставниците на медиумите, можеа да се забелажат многу нивни колеги од македонската музичка сцена, како и пријатели и подржувачи на кариерата на Дарко и Магдалена.



Сакав оваа промоција да се случи токму на еден убав ден, за кој јас велам дека е празник на сите дами, затоа најпрво голема благодарност до мојата Горила продукција, која го овозможи сето ова и ја направи мојата желба реалност. На снимањето на овој видео запис беше навистина лудо и незаборавно, а верувам дека сето тоа ќе го забележите и вие, првите гледачи на овој видео запис.” – изјави Дарко Илиевски.

Песната е дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, а видеото го изработија Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *