Top

НОВО Видео: НЕЈЌЕШ ДА СУМ САМА – Тамара Тодевска

Новиот ексклузивец на Симплисити, ТАМАРА, која беше премногу возбудена, вели дека било задоволство да се работи со Мерт Аслани, кој го режираше овој спот, а им се заблагодари и на своите другарки за несебичната поддршка во него, на Милан Тоциновски, кој одлично одглуми луто момче, на Арменд Рамадани, со кого Тамара соработува цели десет години, како и на сите оние кои помогнаа да се реализира овој видео запис, кој беше сниман на две локации- каменоломот на Козјак и во еден хангар во Стенковец.



Постојат две работи кои се многу важни, првата е дека вечерва го официјализираме двегодишниот договор на Тамара Тодевска со Симплисити продукција, преку првата песна и видео запис за неа, а втората работа е дека Тамара слави 20 години од почетокот на својата кариера, за оние што подзаборавиле, беше тоа “Љубов” со Маријана и Росана на еден наш фестивал – со овие зборови вчеравечер во клубот 69 пред голем број пријатели, соработници и секако медиуми, долгогодишниот пријател на Тамара, Борче Николовски, ја отвори промоцијата на видео записот за песната “НЕЈЌЕШ ДА СУМ САМА“.

Новата “НЕЈЌЕШ ДА СУМ САМА” е само најава за новиот албум, кој неуморно се подготвува во студиото на Бертан Аслани, а кој Симплисити и Тамара ќе го промовираат следната година.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *