
“НА НЕКОЈ ДРУГ е моќна балада, песна која останува врежана во мислите на сите оние коишто ја слушнале барем еднаш. Од таа причина решивме дека не смее да остане без спот кој ќе ја дополни целата сторија. А, приказната во спотот е класично – некласична: забораваме колку вреди љубовта и сфаќаме колку многу ни значи некоја девојка дури откако ќе ја изгубиме…“, вели харизматичниот пејач.

Даниел, за кого многумина велат дека е еден од најдобрите машки вокали кај нас, е презадоволен од соработката со режисерот Бојан Стоилковски, како и од крајниот резултат – спотот, во кој покрај него, се појавуваат и близначките Бисера и Бојана Илијоски од дуото Џемини.

“Ова е уште еден чекор напред во остварувањето на мојот музички сон, иако е само почеток. Мило ми е што снимив спот за оваа преубава балада, која е една од моите омилени песни. Ваква моќна песна заслужува видео издание, па се надевам дека песната сега навистина ќе живее уште долго.” – изјави Данн пред присутните.
“НА НЕКОЈ ДРУГ” е авторско дело на Александар Масевски, а текстот е на Масевски и Билјана Пашариковска.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!