Видеото, чија промоција се случи во саботата (15.10.2011 година), го режираше Џулијани – REC Production.
Авторски “ЈАС СУМ ТОЈ” ја потпишуваат Лазар Цветковски /музика и аранжман/ и Марко Маринковиќ /текст/.
Да потсетиме дека Дарко и Никола со “ЈАС СУМ ТОЈ” се претставија пред штипската публика на првата полуфинална вечер, а на финалната вечер со освоени 120 гласови од публиката во салата се пласираа на 4-тото место.


Видео записот ја следи приказната од самата песна – Дарко и Никола се борат за иста девојка уште од детството, па затоа дел од спотот се снимаше во градинката “Срничка”, Аеродром. Потоа, неколку дечиња на возраст од 10 – 13 години ги глумат изведувачите пеејќи ја песната со бенд кој го оформиле и со кој заедно стареат, не напуштајќи ја музиката.

“Ова беше најинтересното снимање на спот до сега за нас. Забавно е да видите како ќе изгледате кога ќе имате над 50 години, а сепак младешкиот дух и страста за музиката да останат непроменети до самиот крај. Сигурни сме дека ова ќе биде видео издание кое ќе и се допадне и на македонската, но и на српската публика, бидејќи песната доби и српска верзија, која ќе биде промовирана после настапот на Макфест.” – изјавија Дарко и Никола.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!