Top

НОВО Видео: I WAS HERE – Beyoncé

После 20-тина дена од објавувањето на видео клипот за “Party”, Бијонсе (Beyoncé) визуелизираше уште еден сингл од нејзиниот последен студиски албум. Станува збор за моќната балада “I WAS HERE“.

Всушност, основата на клипот е видео материјал снимен на нејзиниот спектакуларен концерт одржан во Roseland – New York City надополнет со приватни видео снимки на дивата, од нејзиното детство па до денес.

За многумина, најспектакуларен момент во овој видео колаж е тоа што Бијонсе конечно го покажа својот невестински фустан. Имено, Бијонсе и Џеј Зи го кажаа судбоносното “да” во 2008-мата, но од тој клучен момент не беше објавена никаква фотографија, нити пак видео материјал. Фамозниот фустан можете да го видите во 03:36, на неколку секунди. Обратете внимание.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *