Top

НОВО Видео: ФАЈРОНТ (Време е за дома) – Паркети

Битолската рок атракција ПАРКЕТИ деновиве има многу поводи за славење, имено точно пред 20 години на денот на независноста 8 – ми септември, младите битолчани, кои сакале да создаваат rock & roll музика, ама притоа да останат некомерцијални, го избрале името на групата – ПАРКЕТИ, вториот повод е тоа што заедно со промоцијата на видео записот за макфестовската “ФАЈРОНТ“, го најавуваат и својот втор официјален албум, ама прв со вакво ексклузивно издание и последниот, ама не и помалку важен повод за славење е потпишувањето на договорот за соработка со Горила Продукција.



За макфестовската песна “ФАЈРОНТ“, која и се допадна на публиката, снимивме спот, кој го режираше Дарио Јанковиќ, останувајќи доследни на својот некомерцијален пристап, спотот е снимен со минимални трошоци, во само една соба на куќа стара 100 години, која некогаш била конзулат. За првпат зедовме женски статистки, кои сепак во видео записот имаат споредни улоги, затоа што ние сме главните.“- изјави во име на целиот бенд, Сашо Паркет.

Од Горила Продукција најавуваат уште неколку видео записи за песните од новиот албум на Паркети, кој ќе биде промовиран до крајот на годината, додавајќи:

Паркети се бенд кој заслужува поголемо внимание од целокупната јавност, не само заради нивната две децениска активна работа на македонската рок сцена, туку и заради тоа што се секогаш единствени и посебни, а во исто време и многу поинакви од се друго кај нас. Се одлучивме да ги земеме под наша закрила, обезбедувајќи им можност да создаваат нови хитови, а ние ќе се погрижиме за сè друго околу нивната кариера, па зошто не и голем концерт.

По првиот албум со атрактивен наслов “Мамо не му кажувај на тато”, новиот ќе содржи 12 композиции плус “Фајронт” како бонус трака. Албумот ќе биде испечатен во мал ексклузивен тираж кој веќе е пратен на мастеринг во Германија, а Сашо Паркет најавува атрактивно име за истиот.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *