
“Новата балада која долго се крчкаше во студиото на хит мејкерот Лазар Цветкоски, на мое големо задоволство, доби и видео издание, кое се снимаше во преубавите предели на Преспанското Езеро во Стење и во мојата родна Битола, убава балада, убава Македонија, а по она што го видов и многу убав спот, мислам дека ќе им се допадне на луѓето.” – вели Димитар Андоновски.

Режисерскиот двоец Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска, само додаваат дека носењето на големото пијано во природа, старата куќа, како и чекањето на сонцето за идеален крај на овој видео запис е едно искуство кое го потврдува правилото дека вреди да се потрудиш за да создадеш убав производ.
“Добро ме познаваш” е балада создадена од Лазар Цветкоски, кој беше задолжен за музиката и аранжманот, а текстот е на Магдалена Цветкоска.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!