Top

НОВО Видео: ДА НЕ БЕШЕ ТИ – Ристе Тевдоски

Една од најубавите песни испеани на овогодишниот Охрид Фест, која е голем хит на радио станиците низ Македонија, “ДА НЕ БЕШЕ ТИ” на Ристе Тевдоски конечно го доби и своето видео издание. Во преполното “Ред Кафе”, вчера беше одржана промоцијата на спотот во присуство на многу колеги на Ристе, пријатели и претставници на медиумите.

ДА НЕ БЕШЕ ТИ” е авторско дело на Дамјан Лазаров и Елвир Мекиќ, а видеото го режираше Дарио Јанковиќ. Спотот е во интересен ретро стил од 70-те.
Воедно, беше промовиран и видео записот за хрватската верзија на песната – “Знам да не ваљам”.



Пресреќен сум што една од моите најемотивни песни доби и свој видео запис. Ви благодарам на сите што ме поддржувате и што сте денеска тука за прв пат заедно да го погледнеме мојот нов спот.” – изјави Ристе.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *