Вчера (10.12.2011 година) во ВЕРО Центар, поголема група на танчери приреди спектакуларна изведба на легендарната “Beat it” од Michael Jackson и ги воодушеви луѓето кои во тој момент се најдоа таму.
Од младинската организација kreAKTIV која го организираше овој Flash Mob настан информираат дека момците и девојките не се професионални танчери, туку млади ентузијасти и волонтери кои настапија по повод светската недела на волонтеризам.
“На Flash Mob-от земаа учество млади момци и девојки од Скопје, Куманово, Кавадарци и Битола предводени од Христијан Проданов. Овој настан првично беше одржан на плоштадот Македонија во Скопје, а потоа во ВЕРО Центар.” – додаваат од kreAKTIV.
Конечно, нешто креативно и светски и кај нас. БРАВО!!

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Чиста лага дека не се професионални танчери, повеќето ги препознавам и знам дека се занимаваат со играње ѕште многѕ одамна, да млади се но сепак, го тренираат тоа повеќе од 3 години 😀