Распеаните скопјани за прв пат излегоа да запеат надвор од Скопје и им дадоа поддршка на велешани во борбата против рестартирањето на топилницата во нивниот град. Со гас маски на главите и црни шлајмови во градите, од голите брда околу топилницата им порачаа на велешани: “Breathe deep, while you sleep, breathe deep!“.

Една масовна хипи – комуна, каква што и самите се, не може да ја пропушти приликата да запее и за зелените прашања на нивниот град, особено кога се работи за песна од мјузиклот “Коса”.
Па, истата песна ја посветуваат и на скопјани прашувајќи ги: “Дали белите дробови имаат цена?”, “Дали најзагадениот град во светот оваа зима е убаво место за живеење?”, “Дали половните возила, фабриките, топланите и објектите во изградба се прифатлива цена за живеење во сив, наместо зелен град?”.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!