
„Прекрасно беше чувството истовремено да се слуша звукот на ферари и работењето на моторот на авион. Не сум љубител на брзи и скапи автомобили, но сепак ќе речам – ферари си е ферари. Презадоволен сум од тоа што целата екипа, иако непрекинато работеше цели два дена, сепак го даде својот максимум и едвај чекам да го видам новото видео издание.“ – изјави Тони Зен.

Песната „Три“ која е авторско дело на Бертан Аслани се наоѓа на последниот албум на Тони „Тони Зен е… Суперзен“, а текстот за неа го напиша самиот тој. Во видео записот, според самите стихови, три исклучително атрактивни и секси девојки се грижат за Тони, од кои едната го учи, другата го негува, а третата го служи во авион.
Видео изданието за „Три“ кое наскоро ќе биде промовирано во медиумите, го работеше БМА продукција и режисерот Мерт Аслани.




iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!