Top

ТОНИ ЗЕН и МАРАКУЈА се први на MTV

Единствениот македонец кој се наоѓа на топ листата за најдобро видео во регионот на музичкиот канал MTV е хип – хоп изведувачот ТОНИ ЗЕН.
Темата “Говор тела” на Тони и белградската група Маракуја оваа недела се наоѓа на првото место на топ листата Домачица, а неговото најново видео издание за песната “Три” се наоѓа на седмото место.



Уште на самиот старт 2012-та ми донесе убави моменти, вредни за паметење. Темата “Говор тела” и соработката со Маракуја, како и концертот на кој заедно со Маракуја создадовме нов звук на моите хитови, ме направи само посигурен дека одам во вистинската насока и дека музиката навистина нема граници. Тоа што сум единствен Македонец на оваа топ листа ми дава обврска да создавам теми кои ќе бидат препознаени.“- ни изјави Тони Петковски.

Марко Стојановиќ – Луис е автор на првопласираната “Говор тела” чиј аранжман го направи групата Маракуја. Текстот е заедничко дело на Lou Benny, Струка и Тони Зен, а спотот беше снимен во Белград под режисерската палка на Радоје Јачевиќ. Седмата песна која се наоѓа на престижната Домачица – “Три” е дело на Бертан Аслани и Тони Зен, а зад видеото е потпишан Мерт Аслани. Оние кои сакаат да го поддржат Тони да го задржи првото место со едната и да се искачи уште повисоко на топ листата со другата песна можат да го сторат тоа на следниов линк: mtv.rs/top-liste/domacica/domacica.

Од матичната куќа на Тони – Симплисити Продукција најавуваат дека на почетокот на март ќе излезе ДВД изданието од концертот “Тони Зен и Маракуја во Интимни односи” кој се одржа на 29-ти декември минатата година во Универзалната сала. Заедно со ДВД-то ќе излезе и документарецот за Тони кој беше работен изминатиов период.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *