Top

Тамара Тодевска со видео запис за макфестовската “Готово е”

Изминатиот викенд се снимаше специјален видео запис за темата “ГОТОВО Е” со која ТАМАРА ТОДЕВСКА ќе настапи на овогодинешниот МакФест 2012. Видео записот ќе биде дел од големата сценографија и ќе биде ексклузивно прикажан на МакФест.



Беше голем предизвик да се оствари овој проект поради многубројните техники кои се користеа за овој видео запис. Една од тие техники се нарекува Time-lapse или попросто кажано илјадници фотографии споени во едно видео.” – велат креаторите на овој видео запис Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска.

Од неодамна Тамара е под закрила на Горила Продукција. Темата на оваа песна “Готово е” e автобиографска, во која Тамара самата себеси се препознава и истата е сработена со многу емоции и посветеност. Зад ова музичко дело се потпиша Роберт Билибилов, а текстот го пишуваше Игор Џамбазов.

Преслушајте го рефренот на “Готово е”:

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *