Top
Lazarov-Show-iLike-mk

Стефан Лазаров ја најави втората сезона на „Лазаров Шоу“

По големиот успех на првата сезона на „Лазаров Шоу“, Стефан Лазаров најави продолжение на шоуто. Премиерата е закажана за недела (19.09.2021 година) во 16:00 часот на јутуб каналот на Лазаров. Честа да го отворат новиот серијал им припадна на 2Бона. И овојпат, шоуто е овозможено од Media.mk, со поддршка на „Саник“ и „Кабошон“.

По повод новата сезона, Лазаров на својот инстаграм профил нашиша:

Со огромно задоволство ви ја најавувам втората сезона од ЛАЗАРОВ ШОУ!

Овојпат одлучив интервјуата да ги оставиме за телевизиите и да го променам концептот во позабавен и јутуберски.

Јавните личности ќе бидат во незгодно од новите две рубрики, а ЛУТО ПИПЕРЧЕ ќе прави проблеми и оваа сезона. ✌️

Се гледаме во недела во 16:00 часот, а првите гости ќе ви ги откријам за брзо.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *