
“Поминав многу години живеејќи во страв и се мрзев себе си. Растев слушајќи приказни од типот – ти си геј и ќе завршиш во пекол… Сега само сакам да ги охрабрам сите луѓе кои се борат со овој проблем и го потиснуваат длабоко во себе. Љубовта е љубов и не познава пол, боја на кожа, вероисповед,…” – рече Рики Мартин на Конференцијата на ОН за хомофобијата.
Рики во моментов е во врска со Карлос Гонзалес Абел, но признава дека бил вљубен и во жена и оти не се кае за ниту едно свое љубовно искуство.
“Спиев со жени и бев искрено вљубен во нив. Беше тоа љубов и страст. Не жалам за ништо, бидејќи секоја врска ме научи на нешто ново, било да е во прашање маж или жена.” – вели Рики Мартин.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!