Top

Макфест 2010

Помина и овогодинешниот Макфест, кој годинава се одржа на 7, 8, и 9-ти октомври. Продолжи традицијата на еден од најпознатите македонски фестивали, кој се одржува во Штип, овој пат роденденски, по 25-ти пат. Се помина во најдобар ред, а штипските кафулиња и ресторани беа полни од утро до вечер. По завршувањето на макфестовските вечери, имавме шанса да се подружиме со некои од учесниците на фестивалот, додека некои од нив не беа толку расположени за дружење, па си заминаа дома, или пак на приватна забава.

Како и да е, победничкото место го зазеде Ламбе Алабаковски, со песната Не планирам, на Јован Јованов (музика), Елвир Мекиќ (текст) и Иван Јованов (аранжман). Второто место му припадна на Бојан Стојков, а додека третата позиција на Александар Белов.

Макфест, во чест на јубилејното издание на новинарката Здравкица Билбиловска и ја додели наградата за најпосветен новинар и долгогодишно следење на макфестовските манифестации.

Следуваат неколку фотографии од вчерашното финале, со кое се надеваме дека ќе ви доловиме дел од атмосферата на кое присуствуваше и тимот на iLike.




Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *