Top

Лозано е ТАА најмомче за 2012 година

Тинејџерското списание ТАА по единаесетти пат организираше избор за “ТАА најмомче” на годината, а читателките на списанието овој пат го избраа Влатко Лозаноски – Лозано за свое најмомче.



Во пораките кои ги испраќаа тинејџерите, тие истакнаа дека гласаат за Влатко зашто “е одличен пејач, има супер нов албум, му ги обожаваат песните“, ама и затоа што е “скромен, убав, сладок, има прекрасна насмевка…“.

Оваа година покрај Лозано, номинирани беа и Марко Марк, Дејан Манасков, Роберт Билбилов, Војдан и Дамјан Стојановски, Боби Мојсоски и Слаткар. Се гласаше цел месец преку смс, меил и Фејсбук пораки и преку анкетата на веб страницата на ТАА, taa.com.mk.

Досегашни ТАА најмомчиња се Тоше Проески, Петар Ѓошев, Ивица Смилкоски, Адријан Гаџа, Стефан и Марин Филиповски, Ламбе Алабаковски, Александар Белов, Христијан Тодоровски – Кико и Тони Зен.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *