Top

Документарниот филм на Бијонсе поставува нови рекорди на HBO

Премиерата на долгоочекуваниот документарен филм за Бијонсе се случи минатата седмица, 16-ти февруари, на телевизиската мрежа HBO. Филмот носи наслов “Life is but a dream” и е во режија на популарната американска пејачка. Според статистиките на магазинот The Hollywood Reporter, филмот го гледале 1,8 милиони гледачи при што е срушен рекордот за најгледан документарен филм од 2004-та година.



До премиерата на “Life is but a dream”, приматот најгледан документарен филм го носеше “When the Levees Broke: A Requiem in Four Acts” посветен на ураганот Катарина. Истиот го следеле 1,7 милиони гледачи.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *