Top

ТАА Најмомче за 2011: ХРИСТИЈАН ТОДОРОСКИ – Кико

Читателките на тиин магазинот ТАА по десетти пат го избра НАЈмомчето на годината.

Овој пат во конкуренција беа пет момчиња кои оставија белег во годината што измина: Виктор Апостоловски, Дарко Илиевски, Даниел Данн, Христијан Тодороски и Димитар Атанасовски. Момците беа номинирани во јануари, а читателките на ТАА скоро цел месец гласаа за својот фаворит. Се гласаше преку смс и меил пораки, преку анкета на веб страницата на ТАА, а во редакцијата на списанието стигнаа и неколку писма.
Најголем број гласови собра еден од македонските тиин идоли, Кико, а тинејџерките освен што праќаа пораки дека е најубав и сладок, пишуваа дека ја сакаат неговата музика, ама и дека би сакале да се најдат во неговата прегратка.



А што рече Кико?
Чувството да се биде ТАА НАЈмомче е навистина прекрасно, зашто читателките ме избрале мене и виделе во мене НАЈмомче. Ми беше многу драго кога слушнав, посебно што уште еднаш се докажа колку верни фанови имам, кои се залагаат за мене и им благодарам на сите коишто ми ја доделија оваа навистина најпрестижна тиин титула“.

Досегашни ТАА најмомчиња се Тоше Проески, Ивица Смилкоски, Адријан Гаџа, Петар Ѓошев, Ламбе Алабакоски, Александар Белов, Стефан и Мартин Филиповски и Тони Зен.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




5 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *