Top

Дарко Илиевски сними видео запис за “ГОЛА”

Ексклузивецот на Горила продукција, ДАРКО ИЛИЕВСКИ, и за време на летото интензивно работи на создавање на квалитетна музика подржана со исто толку добри видео записи. Овојпат станува збор за летниот хит “ГОЛА“, создаден од хитмејкерот Лазар Цветкоски, за кој деновиве беше снимен и видео запис.



“Мојата нова песна доби и видео издание кое беше снимано во една просторија, која за потребите на спотот беше претворена во музичко атеље создадено специјално за песната, а по она што го видов мислам дека ќе биде нешто ново и тотално уникатно.” – изјави Дарко Илиевски.

Зад овој нов спот на ексклузивецот на Горила продукција ќе се потпишат Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска, режисерскиот двоец кој внесува нова свежина во видео продукцијата на Горила.
Режисерите Дади и Нена додаваат: “Раководејќи се од насловот на песната беше голем предизвик да се напише сценарио за темата, и потоа сето тоа да се изведе на најдобриот визуелен начин, а секако не смее да се заборави несебичната подршка и соработка на Марија Нацева, девојката која ја имаше главната ролја во овој спот.

Премиерата на видеото за “Гола” ќе се случи за десетина дена.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *