Top

Адел на насловната на британскиот ВОГ

Овој месец прекрасната Адел (Adele) се најде на насловната страна на британскиот ВОГ (Vogue). Во интервју за овој магазин вели дека за разлика од многу нејзини колешки, кои се опседнати со своите килограми и сакаат да бидат слаби, таа е среќна и задоволна со својот изглед и килограмите никогаш не и претставувале проблем. При изработка на фотографиите, оваа 23-годишна девојка вели дека ужива во својата сопствена кожа, и од секогаш  го прави тоа, за разлика од многу девојки кои сонуваат да бидат послаби или да имаат поголеми гради. Таа дефинитивно има големи квалитети кои несомнено го отфрлаат вниманието од нејзините вишок килограми, и треба да биде пример за многу девојки.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *