Top

Ден на ЉУБОВ и ВИНО: ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ и пријателите

План Б Продукција со гордост ви најавува уште едно романтично доживување за денот на вљубените 14-ти февруари, кога во салонот на Македонската Опера и Балет по втор пат ќе се одржи ексклузивен анплагд концерт “ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ и пријателите, ден на љубов и вино“. Гала концертот кој има тенденција да прерасне во традиција оваа година ќе изгледа како претстава, а Влатко и пријателите ќе бидат придружувани од голем симфониски оркестар кој ќе го сочинуваат врвни македонски музичари.



И оваа година на најубавиот ден од годината, денот на љубовта и виното, заедно со моите пријатели, на публиката ќе и подариме двочасовно уживање, концерт кој ќе разбуди многу емоции, со сензибилитет кој ќе го разнежни секој од нас. Самиот ден ја носи пораката дека љубовта е таа врз која се потпира целото човештво и токму затоа на сцената на Македонската Опера и Балет со изведба на најголемите светски љубовни хитови и најдобрите македонски евергрини, со чашка добро вино, ќе ја славиме токму неа – љубовта.” – вели Влатко.

Минатогодишниот анплагд концерт кој се оржа во преполната Универзална Сала беше прв од ваков вид изведен од македонски артист. Директен пренос од концертот одеше на А1 ТВ и истиот имаше огромна гледаност. Гости кои заедно со Влатко ги изведоа најубавите љубовни балади беа Слаткаристика, Миле Кузмановски, Александар Белов, Ламбе Алабаковски, Морал, Трифун Костовски и други.

Пријателите кои оваа година ќе настапат заедно со Влатко на концертот се негови колеги од македонската, но и од балканската музичка сцена. Нивните имиња нема да ги откриеме сега, само ќе најавиме дека станува збор за врвни музичари и артисти кои со задоволство ги слуша и помладата и повозрасната публика.” – изјавуваат организаторите План Б Продукција.

Билетите за овој концерт за уживање, кои би биле совршен подарок за некого, се во ограничен број, а истите ќе бидат пуштени во продажба од среда (18-ти јануари) во Југотон, цвеќарница Розе Веро 2 и Камарад Рамстор.
Сите информации поврзани со концертот на 14-ти февруари можете да ги најдете на веб – страниците planbproduction.com.mk и vlatkoilievski.mk кои до самиот настан ќе бидат секојдневно ажурирани.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>