Top

Виното е дар од Боговите: ВИНО – СКОП 2011

Од 5-ти до 9-ти октомври ќе се одржи петтиот по ред интернационален вински фестивал Вино – Скоп 2011. Плоштадот Македонија е местото каде ќе имате можност да дегустирате прекрасни висококвалитетни вина и разновидни гурмански специјалитети, зачинето со богата музичка програма и забава за сите посетители.

Виното е дар од боговите” вели старата поговорка, која е само потврда дека на овој божествен напиток никој не може да му одолее. Познато е дека Македонија е земја со голема традиција и умешност во производството на прекрасни вина, а виното – еден од најголемите македонски брендови.

Посетителите ќе имаат можност да вкусат многу домашни и странски видови вина, од реномирани винопроизводители, како и разни гурмански специјалитети, кои одлично го дополнуваат вкусот на виното и придонесуваат за општо задоволство. Обезбедена е музичка програма со голем број артисти како Влатко Стефановски, Даутовски квартет, Игор Џамбазов, Есма Реџепова, Гоце Арнаудов и многу други.

Македонците се верни љубители на убавото вино, а одзивот и интересот за фестивалот во минатите години беше одличен. Оваа година, подготвивме богата програма, со нови и разновидни содржини и очекуваме уште поголема посетеност. Исто така, на едно место ќе се обединат македонските винарии, а целта е да се оствари поголема соработка меѓу нив – фактор за градење добар имиџ и промоција на одличното македонско вино.“ – вели Фимка Шопова – Темова, еден од организаторите на Вино – Скоп.


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>