Top

Нокаут со голем концерт во Антички театар – Охрид

Предизвикувачи овојпат се: Никола Перевски-Пере, Владимир Крстевски-Франц, Бојан Антовски, Бојан Перевски, Борче Кузмановски, Виктор Николовски, Борјан Петровски и Горан Кавраков, или поедноставно – НОКАУТ.



Групата која, освен по многуте хитови, е позната и по одличната моќ да создаде прекрасни ноќи за паметење, а тоа се секако нивните концерти.

Уште еден таков голем концерт предизвикувачите подготвуваат за местото на кое многу наши и странски групи сонуваат, а тоа е преубавиот простор на Античкиот театар во Охрид. Среда, 25.07.2012 година со почеток од 21 часот, тоа е уште еден датум кој според сите оние кои барем еднаш биле на нивните настапи, ќе биде случување кое долго ќе се прераскажува.

Мислам дека е доволно секој од нас да го посети овој простор и да ја почувствува неговата волшебност, неговата магија која те привлекува и никого не остава рамнодушен. Античкиот театар е местото каде ќе се собере бендот во комплетен состав, по долгогодишна пауза, повторно во градот кој буди насмевки и нуди безброј места кои се возвишени. Целата акустика која ја нуди овој простор, заедно со прекрасниот амбиент, публика која ви е како на дланка, сето тоа е уште еден предизвик за нас, да ги собереме сите свои фанови и да направиме уште едно незаборавно патешествие кое, се надевам, никого нема да остави рамнодушен, овде не мислам само на публиката, туку и на сите нас, кои таа вечер на 25-ти јули ќе се најдеме на сцената на големиот Антички театар.” – изјави Никола Перевски-Пере.

Специјални гости на овој концерт ќе бидат Sarah Mace и нашиот најголем шоумен Игор Џамбазов, кои само ќе ја збогатат ноќта преполна со акустика која опива.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>