Top

Фестивал на орхидејата

Секоја година Royal Botanic Gardens од Лондон е домаќин на фестивалот на орхидејата и илјадници други егзотични и тропскии растенија. Како што информираат домаќините на овогодинешниот фестивал ќе бидат изложени 7.000 растенија.

При посетата, гостите ќе можат да добијат детални информации за потеклото на секое од изложените растенија, потребните услови за негово одгледување и други ботанички совети, како и трикови за поубави цветови. Или едноставно да уживаат во убавината на цветовите и различните цветни аранжмани и декорации кои ги изработуваат вработените во градината.

Вратите на градината за посетители ќе бидат отворени од 5-ти февруари до 6-ти март. И за прв пат оваа година фотографирањето ќе биде дозволено.



Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *