Top

Нека не се гаси ѕвезденото небо за Тоше

„Не можам да ви опишам како изгледа од овде, не можам да ви опишам како изгледа. Сликајте ве молам од овде и сакам слика. Чекајте и мене, ова не се опишува, нека не се гаси ѕвезденото небо!“.



Последниот концерт на Тоше се одржа на 05.10.2007-ма година. Токму на овој концерт тој рече „Ова ми е најубавиот провод на целиот свет“ и посака секоја година, на истиот ден да уживаме во неговата музика и да ја покажеме хуманоста. Можеби тој не успеа да ја исполни таа желба, но ние можеме!

Оваа година по 4-ти пат на плоштадот Македонија се одржува настанот под мотото „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“. Затоа дојдете денес во 20 часот, на плоштадот Македонија во Скопје, заедно да го направиме ѕвезденото небо во чест на нашиот ангел. Програмата ја сочинуваат видео спотови, концертни настапи и досега неемитуван видео запис на Тоше.
Организатор на овој настан е Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум.

Да се потсетиме на ѕвезденото небо на неговиот последен концерт.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>