Top

Creative Support & Pink Night

Creative Support е проект во организација на Омни Ивентс кој ја поврзува модата со хуманоста и кој годинава по втор пат ќе се случи на Саем на Жена. Проект во кој секоја година се вклучени најдобрите македонски модни дизајнери и во кој се опфатени модата, уметноста и филантропијата со единствена цел, подигање на свесноста за карциномот на дојка, болест која ја засега секоја жена.



Модата е неизбежен дел од животот на секоја жена, а хуманоста е доблест на најдобрите. Годинава поддршка за Creative Support ќе дадат модните дизајнери: Антонија Ристовска, Маја Кикириткова, Мила Кадриу, Елена Љутикова, Олгица Ѓорѓиева, Катерина Попева, Билјана Каран и Силвија Михајловска. Со единствена цел, да им помогнеме на жените оперирани од карцином на дојка, тие креираа уникатни модели кои ќе бидат понудени на аукција која ќе се одржи на 7-ми декември 2012 година (петок), со почеток во 19:00ч на Скопски Саем (3-та хала). Средствата собрани на аукцијата ќе бидат наменети за купување на специјални перики за жените кои се подложени на хемотерапија, а се со низок социјален статус.

Покрај модните дизајнери, тука се и хуманите македонски модели кои ќе ги претстават креациите на модните дизајнери во најдобро светло.

Со собраните средства од првата едиција на проектот Creative Support, кој се одржа во 2011 година, на здружението “Борка – за секој нов ден” беа донирани 160 специјални градници (во вредност од 170.000 денари).

Оваа година во рамките на Creative Support, на Саем на Жена, ќе се одржи и манифетацијата Pink Night 2012 (Розова Ноќ 2012) која трета година по ред ја организира здружението за борба против рак “Борка – за секој нов ден”, како полноправен член на Европската асоцијација за борба против рак на дојка “ЕУРОПА ДОНА”.

Бидете дел од борбата против карцином на дојка и поддржете ја оваа хумана акција со вашето присуство.

Вашата донација ќе направи разлика во животот на овие жени.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>