Top

Детски фестивал за слика и филм

Гете-институт во соработка со Кинотеката на Македонија и Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” – Скопје го организира детскиот Фестивал за слика и филм “Bild und Film Festival – BUF“.



Од 15-ти мај до 3-ти јуни 2012 година младите љубители на филмот ќе имаат можност во Кинотеката на Македонија да проследат филмови кои досега никогаш не биле прикажани во Македонија. Ќе бидат проектирани пет наградени филмови за деца и млади, од кои четири се филмски адаптации на познати книги. Првите пет проекции ќе бидат наменети за организирана посета од основните училишта, а репризните проекции за време на викендите се отворени за сите љубители на филмот.

Во Националната и универзитетска библиотека, од 17-ти до 31-ви мај 2012 година, ќе биде поставен проектот “Стрип, манга & ко. Новата германска стрип-култура” кој ги претставува актуелните тенденции во областа на стрипот преку делата на 13 стрип-цртачи од Германија. Освен тоа, посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат оригиналните изданија на стриповите кои се застапени во изложбата.

Како дополнување на изложбата Ана Ристеска и Андреј Анчевски ќе го претстават проектот “Тријаголник”.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>