Top

Влатко Илиевски ја најавува зимата со синглот “ЗИМА”

Не случајно токму денеска, на само еден ден пред официјалниот старт на зимата, во радио етерот е пуштен новиот сингл на ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ насловен “ЗИМА“. Музиката и текстот за ова нова музичко парче ги напиша самиот Влатко, а аранжманот е на Кристијан Габроски. Со својата нова песна Влатко започнува нова зимска приказна која на задоволство на обожавателите ќе биде исполнета со многу негови активности.



Поминаа седум месеци откако со мојата продукција План Б го пуштивме мојот последен сингл “Странец во твојот свет”. За овој период од годината направив песна чиј нежен ритам ќе ги врати слушателите во спомените и ќе посакаат и оваа зима да бидат со оној кој некогаш многу им значел.” – изјавува Влатко.

Меѓу неколкуте изненадувања кои тој ги подготвува за својата публика е и снимање на видео запис за “Зима” што ќе биде промовиран после новогодишните празнувања. Најлудата ноќ Влатко ќе им ја посвети на своите сограѓани кои ќе бидат на плоштадот “Македонија” во Скопје каде ќе ги забавува неколку часа пред полноќ, а веднаш после таа дружба, ќе замине за Охрид каде присутните на градскиот плоштад токму со него и со голем огномет над Охридското Езеро ќе ја дочекаат Новата 2012-та година.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *