Сем Смит ја изведува насловната песна за новиот филм за Џејмс Бонд „Spectre“. Пејачот пред неколку дена ја најави темата „Writing’s on the Wall“, која во петокот беше поставена на музичката платформа Spotify.
Баладата е дело на 23-годишниот пејач Смит и талентираниот музичар Џими Нејпс.
Инаку, „Spectre“ ќе биде прикажан во киносалите ширум светот на 6 ноември.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!