Моќната “САМО ЕДНАШ” авторски ја потпишуваат Кристина Арнаудова и Бојан Трајковски од Eye Cue /музика/, Кристина Арнаудова /текст/ и Дарко Тасев /аранжман/. Синглот е снимен и продуциран во студиото ДО-РЕ-МИ.
ТУКА (десен клик и изберете save link as.. / save target as..) симнете ја “САМО ЕДНАШ” и збогатете ја Вашата домашна аудио колекција!!
![]()
“Ова е песна во која јас раскажувам една вистинита приказна, и се надевам дека и сите оние кои ке ја чујат ке почувствуваат колку е реална, и можеби и себеси ќе се пронајдат во неа. Мислам дека ова е моето најдобро нешто, како автор, и сум особено горда на тоа. Во моментов сме во студио каде се привршува со снимање на вокалите за албумот, кој се надеваме дека ке излезе на пролет. На албумот, кој е албум на соработки, и остварување на мојата желба и дестки сон да работам со моите учители, идоли, работат, Јасенко Хоура од Прљаво казалиште, Ѓуле од Ван Гог, Кокан Димушевски од Леб и Сол, Васил Хаџиманов со кој имаме одлична обработка на една легендарна македонска забавна песна, а Венко Серафимовски работи на песна која дуетски ќе ја одпеам со мојта омилена пеачка и пријателка, а името ќе го оставиме да биде изненадување. На овој албум, за разлика од досегашните, јас како автор на музика и текст сум мнозински застапена, што значи дека скоро сите текстови на трите јазици на кои се снима албумот (македонски, српски и англиски) ги пишувам јас, и токму затоа мислам дека овој албум ке биде најдоброто од мене, најдобро ме опишува мене како личност, и како пејач, а приказните кои ги пеам, се вистинити биографски приказни, кои мои блиски луѓе ги имаат доживеано, и преживеано.” – вели Кристина.
Фотографиите се дел од фотосесијата за новиот албум, дело на маестралниот Дарко Мораитов. Видеото за “САМО ЕДНАШ” ќе биде реализирано во текот на оваа недела, под режисерската палка на Александар Ристовски – Принц.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
