Top

FREE Download: РАЗБУДИ МЕ – Пи Ем

Момците од четиричлениот рок состав Пи Ем, кои оставија голем впечаток со нивниот настап на минатогодишниот Макфест, се новите ексклузивци на Мак Мјузик Продукција. Младите дечки кои со својот оригинален рок звук се издвојуваат од останатите бендови го издадоа својот вториот сингл “РАЗБУДИ МЕ” кој комплетно го потпишува нивниот фронтмен Борис Цветановски.



ТУКА (десен клик и изберете save link as.. / save target as..) симнете ја “РАЗБУДИ МЕ” и збогатете ја Вашата домашна аудио колекција!!

Среќни сме што со нашата нова песна започнуваме соработка со Мак Мјузик Продукција како нејзини ексклузивци. Работиме полека и со многу љубов затоа што сакаме нашите песни да звучат квалитетно. Затоа и сите инструменти во двете песни кои се работени во студио Јованови се свирени во живо.” – велат Пи Ем.

На неколку локации низ Скопје од кои едната е кај авионот во општина Аеродром, Пи Ем веќе снимија видео запис за “РАЗБУДИ МЕ” кој го работеше Exit B.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *