Минатиот викенд во радио етерот беше пуштена дуетската тема на Ламбе Алабаковски и Елена Ристеска “Најдобро до сега“. Досега, како повеќегодишни соработници и колеги во нивната матична продуцентска куќа М2, Елена и Ламбе имаат издадено една заедничка песна потпишана како “На некои други светови” во соработка со Врчак.

Зад “Најдобро до сега” авторски стојат Дарко Димитров /музика и аранжман/ кој заедно со Елена и Ламбе ги напиша и стиховите. Иако, рефренот на “Најдобро до сега” е преземен од “Последна ноч” со која Ламбе во 2007-мата имаше забалежителен настап на Интернационалниот музички фестивал Сунчане Скале во Херцег Нови, сепак Дарко направи сосема нова мелодија со софистициран аранжман и маестрална продукција која веќе се наметнува како голем летен хит.
Синглот “НАЈДОБРО ДО СЕГА” можете да го симнете ТУКА (десен клик и изберете save link as.. / save target as..) ..УЖИВАЈТЕ!!

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!