Top

EXCLUSIVE: LIKE за новиот сингл на DANIEL DANN!!!

iLike.mk & Massive Sky Music први кликаат LIKE на новиот сингл на DANIEL DANN – “На некој друг”.

Уште една одлична тема на еден од најквалитетните македонски машки вокали кој со моќта и автентичноста на својата интерпретација, заслужено се наоѓа меѓу најдобрите.

Појавувајќи се со кантавторската “Губам од себе” ова момче ненаметливо нé освои сите и веднаш знаевме дека тоа е “Сила на љубовта”…

Следеа “Сѐ што ми треба”, “Акција – Реакција”… само неколку рефрени кои се уште ни се мотаат низ главата носејќи го новиот бран кој ја раздвижи македонската музичка сцена.

“На некој друг“ е новото музичко ремек дело кое е уште еден доказ за феноменалниот спој на Данн, продуцентот Александар Масевски (музика, текст, аранжман) и Биљана Пашариковска (текст).

Беспрекорната интерпретација и овој пат потврдува зошто ДАНИЕЛ е новото име кое Македонија треба да го запомни, а ние нескромно го издвојуваме како наш фаворит.

Сте биле ли на некој од неговите настапи?!
Доколку вашиот одговор е “не“ iLike.mk ви препорачува веднаш да си ја поправите грешката. Неговите настапи во Скопје и низ Македонија веќе започнаа…
Вие мора да бидете дел од нив!!! 😉

И додека го очекуваме неговото прво официјално видео (наскоро) време е вистински да уживате, да се претопите во боите на есента и звуците на Даниел.

Активирајте ги сите свои сетила…

Време е за LIKE… НА НЕКОЈ ДРУГ ( за да ја преземете: десен клик на насловот на песната и изберете Save link as… или Save target as….)

“НА НЕКОЈ ДРУГ” (lyrics)

Мугра во солзи ме раздени
Бескрајна болка и спомени
Надежта нејќам да исчезне
Љубовта лек е за сѐ.

Ти сѐ ми даде – јас зедов сѐ
Колку ми значиш не знаев
Замина тивко без плачење
Останав со солзите.

Доцна е, доцна за сѐ…

На некој друг, на некој друг
Му дадов сѐ што имав јас
На некој друг, на некој друг
Не знаев да те сакам сега умирам.

Исчезна меѓу север и југ
Останав сам во маѓепсан круг
Би дал и живот за тебе знај
Зошто ли постојам јас?!

Не знам да продолжам сам…

На некој друг, на некој друг
Му дадов сѐ што имав јас
На некој друг, на некој друг
Не знаев да те сакам сега умирам.

Делевме сѐ јаве и сон
Бескрајни и топли ноќи
Сега само во сон те имам пак
Сакам да заспијам.

На некој друг, на некој друг
Му дадов сѐ што имав јас
На некој друг, на некој друг
Не знаев да те сакам сега умирам.

Побарајте го Данн на YouTube | Facebook | MySpace