Top

МЕГАХИТ: ДИСКО ЏУНГЛА – Маја Саздановска ft. DNK

24-ти септември 2011-та година ќе биде запишан во македонската музичка историја како датум на кој се одржа спектакуларниот концерт на r’nb двојката DNK, но уште повеќе и по ексклузивната промоција на новиот сингл на Маја Саздановска и DNK.

Синглот насловен како “Диско џунгла” веќе е вистински радиски хит.



Дарко Димитров ги потпишува музиката, аранжманот и продукцијата на “Диско џунгла“, додека пак текстот е дело на Панчо – DNK и Магдалена Цветковска – Ена.

За сега, “Диско џунгла” преслушајте ја на нашиот плеер, а од понеделник ќе биде достапна за симнување на iLike.mk.

Следен ангажман на Маја, Андреј и Панчо ќе биде визуелизација на мегахитот за кој гарантираат квалитетно и откачено видео.

Многу ми е мило што после „Љубовни Состојки“ имам соработка со момците кои ги обожувам, Панчо и Андреј. Одбравме најдобар начин за промоција на песната и презадоволна сум од реакцијата на публиката. Иако ја слушнаа за прв пат, на концертот на DNK во саботата го видов тоа што го посакував – да им се допадне на слушателите и веднаш позитивно да изреагираат на неа.” – вели Маја.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *