Легендарниот супермодел Yasmin Le Bon прошета на пистата на париската модна недела во импресивна црвена тоалета која е тешка, верувале или не, цели 50 килограми.
Сопругата на Simon Le Bon – вокалистот на групата “Duran Duran”, беше вистинско изненадување на модната недела. После 10 години отсуство од модниот свет, Yasmin продефилира во прекрасната тоалета која ја креираше Stefani Roland.
За изработка на тоалетата искористени се 45 метри ткаенина.
Свилениот фустан одлично ѝ прилегаше на Yasmin, истакнувајќи го целиот нејзин сексипил и облини.


Поради тежината и специфичноста на креацијата, супермоделот беше придружуван од двајца асистенти.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!