Постојат неколку парчиња облека кои лесно се комбинираат со други парчиња, па токму затоа треба да ги поседува секоја жена. Можеби понекогаш е добро да се инвестира повеќе во безвременско парче облека кое ќе можете да го носите со години. Стилистката Cher Coulter, која работи со најпрестижните холивудски ѕвезди ги посочува токму тие парчиња.

Црна кожна јакна
Оваа јакна е идеална за пролет и за есен. Добро е што може да се комбинира со речиси секоја друга облека.
Бела кошула
Парче облека кое може да биде навистина секси, посебно ако е струкирано. Може да се носи со палто, јакна или пак со некое парче накит.
Очила за сонце
Покрај нивната основна намена – заштита на очите од сонцето, очилата за сонце се совршен моден додаток. Одберете поквалитетни очила кои навистина ќе ги штитат вашите очи.
Високи потпетици во црна боја
Со нив никогаш нема да погрешите, без разлика дали имаат екстремно висока потпетица, отворени прсти и слично. И кај нив постои можност за безброј комбинации.
Секоја сезона купуваме облека која е наметната од тековните модни трендови. Модата брзо се менува, но погоре споменатите парчиња облека можете да си ги користите буквално секоја сезона.

Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!