1. Maлиот црн фустан (Tip One: The Little Black Dress)
“Oва е нешто што скоро секоја жена веќе го има во својот плакар. Малиот црн фустан е класика, тој е безвременски. Можете да го комбинирате на најразлични начини, додавајќи му секакви детали- накит, шапка, јакна, сако, сандали, чизми… Тој е одлична база врз која може да работите за да го добиете посакуваниот изглед.”


2. Класичната колекција (Tip Two: The Classic Collection)
“Класиката е најдобриот избор. Можете да ја комбинирате за да добиете поофицијален изглед или да одите во констрасти, па свилената кошула да ја искомбинирате со тесни избледени фармерки или “моторџиска” јакна…Класичните панталони или сако може да послужат кога сакате да изгледате професионално, но можете и да одите со мал “заплет” додавајќи и на таа комбинација обична тесна маичка на кратки ракави со лик од цртан филм и високи потпетици во некоја впечатлива боја. Црните “моторџиски” чизми ми се уште една класика. Носете ги со женствен фустан, со тесни фармерки, со кратки панталони, со високи чорапи, со широк џемпер… сето тоа е прекрасно.”



3. Моќта на модните додатоци (Tip Three: The Power of Accessories)
“Додатоците можат да придонесат многу на изгледот, тоа може да биде во позитивна или во негативна конотација, се разбира. Тие зборуваат многу за личноста која ги носи, го откриваат нејзиниот вкус, нејзината интелигенција, нејзината смисла за хумор. Многу се важни за целосната визуелна презентација на личноста-каишот на пример може целосно да ја промени вашата силуета. Носете го високо на струкот и ќе имате визуелно повисоки нозе, носете го на колковите за да добиете секси изглед фокусиран на вашата половина и задник. Шапката ви е како влезен чин на претстава-таа е првото нешто што некој ќе го забележи кога ќе ве погледне, толку е битна што го диктира целиот изглед и впечаток кој сакате да го оставите. Дали сте мажествени? Можеби сакате “федора” стил? Јас лично преферирам големи шешири.”




4. Време за Т-маици (Tip Four: T-Time)
“Обичните маички на кратки ракави се универзална база, тие никогаш не стануваат демоде. Имаат бесконечно многу потенцијал, но вистинската уметност лежи во тоа како ќе ги комбинирате. Јас лично обожавам кога обичната бела ефтина маичка ја комбинирам со дизајнерско сако или панталони. Кога на обична црна маичка ставам бисери или друг впечатлив накит, брош или цветна марама. Токму комбинацијата скапа облека наспроти обична маичка ја прави целата комбинацијата да изледа многу шик.”


5. Долна облека (Tip Five: Lingerie)
“Сигурно имате полни фиоки со долна облека која не ја носите. Еве како да им вдахнете живот на старите корсети и се останато. На пример, целосниот комбинезон повеќе не го носите под здолништето, но зошто да не го облечете како проѕирен фустан врз вашите купаќи на плажа? Сигурно имате некој модел кој може да помине како летен фустан, се разбира со голем шешир, наочари за сонце и впечатлив накит… Корсетите кои не се целосно проѕирни можете да ги комбинирате со фармерки и да добиете одличен, секси изглед. Има толку многу начини со кои можете да си играте.”


6. Промешајте (Tip Six: Mish Mash)
“Скоро 50% од жените не можат да се разделат од парчињата стара облека. Зошто? Од сентименталност? Од грижа на совест? Чекате да му се врати модата? Чекате да ги изгубите килограмите и да ви биде повторно точно? Имате две опции – или фрлете го веднаш и направете место за нови парчиња облека кои навистина ќе ги носите, или пак, пробајте да го носите на нов начин. Освежете го, ако ви е тесно, проширете го, додајте му некој детал кој ќе му го исполира изгледот, од фустанот направете здолниште, од старите долги панталони направет кратки шорцеви. Потенцијалот секогаш постои. Пробајте да ги комбинирате парчињата на начин на кој до сега не сте ни помислувале, мешајте стилови и најважното – think outside the box (размислувајте надвор од вашите досегашни рамки)!”


7. Опуштен и спортски изглед (Tip Seven: Casual and Sportswear)
“Мислам дека многу од нас сме навлечени на облека која е комотна, памучна и мека. И многу често таа облека ја поистоветуваме со домашна облека или облека дозволена само во салата за вежбање. Зошто? Носете дуксер, носете спортски хеланки, направете возбудливи комбинации и добијте впечатлив изглед. Носете развлечена спортска маица со панталони, мешајте ги препознатливите спортски линии со високи потпетици!”


Автор: Вања Кочовска
![]()
Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!