Top
SPF-Leto-2016F

Лето во „Springfield“

Дали веќе ја чувствувате возбудата поради доаѓањето на летото? „Springfield“ ги има најшармантните фустани, блузи, сандали и додатоци за летните денови.

ЛЕТНИ АВАНТУРИ

Долгите фустани се едно од најмодерните парчиња оваа летна сезона, а доаѓаат во повеќе различни дезени и модели. Овој модел инспириран од морнарскиот стил е одличен за летни авантури, прошетки и откривање нови места.
За лежерен и удобен изглед комплетирајте ги со новите бели патики на „Springfield“.

SPF-Leto-2016-001

ЕТНО ИНСПИРАЦИЈА

За оние со слободен дух кои се секогаш расположени за носење тексас го избравме овој фустан дополнет со нежен вез.
Рамните римски сандали и плетената ташна се дополнување на овој етно стајлинг.

SPF-Leto-2016-002

БОХО ФЕСТИВАЛ

Сезоната на фестивали започнува, па затоа „Springfield“ подготви модели совршени за забава до зори – удобни и шик. Одлично одговараат со кожена ташна со апликација, доволно голема за да собере сè што е неопходно за супер забава!

SPF-Leto-2016-003

Ако сте од оние кои не ги претпочитаат долгите фустани, тогаш бохо варијантата е достапна и во пократка варијанта во моќна црвена боја со метални украси или пак нежна и елегантна бела варијанта за вечерни излегувања.

SPF-Leto-2016-003L

ВРЕМЕ ЗА РОМАНТИКА

Нема ништо поромантично и поженствено од блузите со тантела и карнери кои на суптилен начин ја истакнуваат бронзената кожа. Лесни за комбинација панталони или шорвеци.

SPF-Leto-2016-004

ЛУДА ПО ЧЕВЛИ

Рамни сандали или оние на платформа? Етно принтови, интересни додатоци кои висат, златни и сребрени детали. Без разлика кои ќе ги изберете, тие се супер кул избор за да го збогатат секој летен изглед.

SPF-Leto-2016-0025




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>