Top

Колекцијата “Le violon d’Ingre” на Антонија Ристовска

Сè тргна од срцето, од музиката, од емоцијата, од креативната страст…

Длабочината на црната боја и играта на транспарентни и густи структури му ја даваат рустичноста на црниот фустан. Асиметријата и апстрактните форми во играта на бои на текстурата на свилата во комбинацијата на транспарентно – црната глазирана свила врз лелеавата кралско – плава боја, смарагдно – зелената структура на плтената чипка, бојата на модра слива тонирана со преливи на шеќер боја и жолта ја прават колекцијата флуидна и мека. А Виолинскиот клуч, музичките ноти, музичкото петолиние во нивната правилна и стилизирана форма се мотивите кои осцилираат во нивните изразни форми.

Во колекцијата доминираат фустани кои газат по линијата на гламурот и екстраваганцијата. Фустани кои ја слават музиката во жената.



Уште кога размислував каква колекција сакам да направам за модерната жена првата мисла што ме водеше беше колекцијата да биде оригинална, да бидат креации кои ке привлекуваат и кои ќе носат минато во себе. Чудесната фотографија на Мен Реј и неговата муза Кики де Монпарнас ми беа импулс на инспирација и експресија на креативност. Изразната форма на уметникот го дистанцира во сопственото творење, го ниша и флуктуира низ изразните форми и ја дефинира неговата оригиналност.” – изјави Антонија Ристовска.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *