Top

Лана Дел Реј стана заштитно лице на H&M

Мегапопуларната американска пејачка Лана Дел Реј (Lana Del Rey) стана заштитно лице на шведскиот моден бренд H&M.



Ова беше една од најдобро чуваните тајни во модниот бизнис, со оглед на фактот дека додека не излегоа на виделина првите фотографии никој не ни можеше да претпостави дека 26-годишната пејачка е ангажирана во улога на заштитно лице на овој бренд.

Целата колекција е инспирирана од 60-тите години, а специјално за рекламниот видео спот Лана Дел Реј снимила преработка на хитот “Blue Velvet” од 1960.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *